Чек дис аут

Децата во Виетнам во пластични вреќи минуваат преку река за да одат на училиште

12. јули 2019 - 11:59 | Б.С.Б.

Тешка е борбата за образование на децата кои живеат во селото Хуои Ха во Виетнам. Родителите мораат да ги „пакуваат“ во пластични вреќи и потоа со нив пливаат низ река за успешно да пристигнат на училиште. Ова се случува секој ден.

Поради дождовите нивото на водата е зголемено и малите мостови од бамбус повеќе не се употребливи. Единствена опција достапна за селаните е да ја препливаат реката. Иако на овој начин ги ризикуваат животите, татковците секојдневно ги префрлаат децата од едната до другата страна на реката, за децата да одат на училиште.

Се облекуваат во лесна облека, потоа децата влегуваат во пластичните вреќи каде се заврзани и заедно со татковците се борат со опасните струи.

Уште пошокантно е тоа што потоа децата имаат уште пет часа патување до училишните клупи. Ова е нивното секојдневие. Затоа многу деца остануваат во училиштето во текот на цела недела, а дома се враќаат за викенд.

Коментирај