Дечко, го промаши пакот!
Еден од најдобрите хокеари на светот го изведе најсмешниот пенал виден досега во НХЛ.
Конкуренцијата за најневешто изведен пенал во историјата на хокејот е голема, но ретко се гледа вакво промашување од врвни играчи.
Бред Марчанд од Бостон Бруинс во обид да изведе пенал против Филаделфија Флаерс целосно го промаши пакот и без него се упати кон голот на противникот.
Ова секако, беше причина за бројни шеги на негова сметка на социјалните мрежи.