Declassified UK: Чарлс примил награда од украински нацист

Члченот на кралското семејство добил почесна диплома од поранешен припадник на украинската Вафен-СС единица во 1983 година, откри британскиот медиум Declassified UK.

Британскиот крал Чарлс добил награда од украинскиот нацистички ветеран додека бил принц од Велс во 1983 година, покажа истрагата на медиумот.

Изданието откри фотографија на која се гледа дека тогашниот принц Чарлс добива почесна диплома по право за време на церемонијата на Универзитетот во Алберта во Канада од Питер Саварин, поранешен член на Вафен-СС, кој служел како канцелар на универзитетот од 1982 до 1986 година.

Според извештајот, во својот говор Чарлс ги пофалил оние што „ги жртвувале своите животи пред 40 години“ во борбата против Адолф Хитлер, но наградата му била доделена од ветеран кој се борел за нацистичка Германија.

По потекло од тогашната Источна Полска, Саварин служел во украинска единица при Вафен-СС за време на Втората светска војна.

Милиони Украинци служеле во советската Црвена армија за време на војната, но илјадници други се бореле на германската страна под 14-тата Вафен гренадиерска дивизија на СС, позната како дивизија Галиција.

Дивизијата, формирана во 1943 година, привлекла доброволци од денешна Западна Украина. Нејзините членови му дале лична заклетва на Адолф Хитлер и подоцна биле обвинети за злосторства врз Евреите, како и врз други полски и советски цивили.

Коментирајќи го откритието, Бакингемската палата потврди дека за време на кралската посета во 1983 година Чарлс ја добил наградата од Универзитетот во Алберта, опишувајќи ја како „високо почитувана канадска институција“.

„Како што е вообичаено, канцеларот на Универзитетот ја оддаде оваа чест“, изјавија од Палатата за Declassified. „Бидејќи сите нормални процедури за проверка беа следени од неговите домаќини, беше препорачано кралот да ја прифати честа во тоа време“.

Изданието сугерираше дека британското Министерство за надворешни работи, кое организира кралски патувања во странство, можело да знае за нацистичкото минато на Саварин.

Саварин беше меѓу илјадниците мажи од Вафен-СС Галиција кои избегаа на Запад по 1945 година, често со британска помош, се тврди во извештајот.

Во 1987 година на Саварин му била доделена кралска чест, Орден на Канада. Канадскиот генерален гувернер Мери Сајмон минатата година се извини и изрази „жалење“ што нејзината канцеларија му ја доделила втората најголема заслуга во земјата на поранешен нацистички војник.

Remote video URL

Минатата година, Универзитетот во Алберта беше фатен среде уште еден нацистички скандал, откако имаше донација именувана по Јарослав Хунка, 98-годишниот Украински-Канаѓанец, кој исто така служел во нацистичката дивизија Галиција.

Хунка доби овации од канадските пратеници за време на посетата на Володимир Зеленскиј на парламентот на земјата. Инцидентот стана меѓународен срам за Отава, што доведе до оставка на претседателот на Претставничкиот дом, Ентони Рота, јавно извинување од премиерот Џастин Трудо и признание од Германија дека нејзиниот амбасадор му аплаудирал на поранешен член на Вафен СС.

реклама

Свет

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Read more

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Read more

Виктор Орбан прави сè да се спаси царините на Трамп

Read more

Лавров: Фашистите окупираат територии кои отсекогаш им припаѓале на Руската империја и на Советскиот Сојуз

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе