На раката на Лорен Санчес беше забележан скап дијамантски свршенички прстен.

Еден од најбогатите луѓе во светот и основач на Amazon, Џеф Безос (59) се сврши со новинарката Лорен Санчес (53), потврди извор за People.
Неодамна двојката беше фотографирана на брод додека крстареше по Балеарските Острови, а и двајцата изгледаа многу среќни.

Да потсетиме, Безос во април 2019 година по 25 години се разведе од сопругата Мекензи. Паралелно се појави и информацијата дека завршил и бракот на Санчес со Патрик Висел, агент за таленти и сопственик на агенцијата WME, кој му е пријател на Безос.
Џеф Безос и Лорен Санчес првпат се појавија на Вимблдон во 2019 година и оттогаш се неразделни.
Мекензи, писателка по професија, се омажи за бизнисменот една година пред тој да го основа Amazon и била една од првите вработени во компанијата, поради што доби удел од 4% во технолошката компанија по разводот.

Набрзо по разводот, Мекензи си го врати моминското презиме Скот и го потпиша ветувањето Giving Pledge со што се приклучи кон кампањата на милијардерите Ворен Бафет и Бил и Мелинда Гејтс, во која богатите се обврзуваат да го дадат поголемиот дел од нивното богатство во добротворни цели. Скот во блог објава напиша дека ја набљудувала првата половина од 2020 година со измешани чувства на ужаснатост и тага и тоа само мотивирало да ја продолжи хуманитарната работа.