Дефицит во ПИОМ, суфицит во ФЗОМ

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) во првата половина од годината има остварено дефицит од 469 милиони  денари, покажува Полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот на РМ за периоодт јануари-јуни годинава.

До јуни годинава биле остварени приходи од 33.453 милиони денари, 49,2 проценти во однос на планираните за годинава, а на расходите изнесувале 33.922 милиона денари или 49,9 проценти од годишниот план.

Од вкупните приходи, 18.115 милиони денари се по основ на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување (48,6 проценти од годишниот план), 14.640 милиони денари се трансфери од Основниот буџет, 637 милиони денари се приходи од акцизи, а останатите 61  милион денари се други приходи на Фондот.

„Во делот на расходите на Фондот за ПИОМ, трошоците за пензии се реализирани во износ од 26.792 милиони денари или 49,6 проценти од предвидените за 2018 година. Исплатата на пензиите се одвива во согласност со предвидената динамика за 2018 година“, покажува Извештајот.

Трансферите од Фондот за ПИОМ до приватните 14 пензиски фондови изнесуваат 3.330 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување за  пензионери до Фондот за здравствено осигурување се 
исплатени во износ од 3.575 милиони денари.

Наспроти Фондот за ПИОМ, заклучно со јуни година, Фондот за здравствено осигурување остварил суфицит од 205  милиони  денари,  со приходи  од  14.739  милиони  денари,  или 51,3 проценти од годишниот план и извршени расходи од 14.534 милиони денари, односно 50,5 проценти од планираните за 2018 година.

Во првите шест месециод од годинава  остварени се приходи од придонеси за здравствено осигурување од 7.716 милиони денари или 48,8 проценти од годишниот план. Придонесите за здравствено осигурување  на пензионери уплатени од Фондот за ПИОМ изнесуваат  3.575 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување уплатени од Агенција за вработување на РМ се 55 милиони денари.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе