Џенифер Лопес знае како да привлече внимание со едноставни, елегантни модни комбинации, а тоа го направи на вчерашната лондонска премиера на филмот „Unstoppable“.
Џеј Ло зрачеше со софистицираност на проекцијата одржана во Cineworld на Лестер Сквер, Лондон, облечена во бел плетен миди фустан за таа пригода.
Парчето облека кое допираше до нејзините колена имаше американско деколте, а вградената ткаенина ги истакна облините на актерката. Фустанот го спои со бело палто, како и мала клач чанта.
Косата ја направи во пунџа, а all white изданието го заокружи со бели салонки. Покрај Џеј Ло, на проекцијата присуствуваа и бројни други британски ѕвезди.
Unstoppable screening London 🇬🇧
— jlo (@JLo) November 5, 2024
On my way to uuuuuu 🤍 pic.twitter.com/rrqvQXFIQX
Актерката сподели фотографии во оваа облека на социјалните мрежи, порачувајќи им на фановите кои ја чекаа на премиерата: „На пат кон васссссс“.
Филмот „Unstoppable“ го следи животот на борачот Ентони Роблс, кој е роден со една нога и го освои националното првенство на САД во 2011 година додека се натпреваруваше на Универзитетот во Аризона.
Покрај новиот филм, Џеј Ло е во јавноста и поради разводот со Бен Афлек, но и нејзиниот поранешен партнер Пи Диди, кој е во затвор и се соочува со низа тужби за злоупотреба и експлоатација и се доведува во прашање нејзината улога и можна вмешаност.