Џенифер Лопес ја отстрани тетоважата која беше посветена на нејзината голема љубов – Бен Афлек.
Таа на премиерата на филмот Unstoppable пристигна во фустан кој откри дека повеќе нема тетоважа на слабините.
Претходно Лопес имаше истетовирано знак за бесконечност на ребрата, а тетоважата му ја посвети на Афлек. Сепак, со оглед на тоа дека по две години љубовта заврши, а потоа и разводот, познатата актерка и пејачка стави крај на големата љубов со отстранување на тетоважата.
Секој кој поминал низ процесот на отстранување на тетоважи знае дека може да потрае од шест месеци до една година, па некои луѓе мислат дека ова е комбинација од ласери и шминка што го прикрила мастилото кое сè уште не е трајно отстрането.
Лопес и Афлек ја обновија врската во 2022 година, а истата година го кажаа судбоносното „да“. Парот првпат беше во врска на почетокот на векот, кога поради притисокот на јавноста ја откажаа венчавката и раскинаа во 2004 година.
Сепак, среќата на славниот пар не траеше долго и по две години решија да се разделат. Процесот на развод е во тек, а парот веќе подолго време живее одвоено.