Џенифер Лопез повторно позираше во атрактивно издание за кампањата на нејзиниот бренд за нега на кожа JLO Beauty и доби бројни комплименти од обожавателите.

Имено, таа беше фотографирана во долна облека, која ги истакна нејзините атрибути. Многумина се согласија дека таа и понатаму е една од најубавите жени на светот.
„Чисто совршенство“, „Изгледаш совршено“, „Какво тело“, се само дел од коментарите.
Минатиот месец за Us Weekly таа изјави дека редовното вежбање значително помага да го подобри нејзиното ментално здравје.
„Фитнесот е многу важен дел од мојот живот. Вежбањето помага да се намали ризикот од развој на ментална болест. Исто така, докажано е дека ја ублажува депресијата и анксиозноста“, додаде таа.
Откри и дека се буди во 5 часот наутро за да тренира. Нејзиниот тренер Дод Ромеро рече дека таа пие најмалку 7 чаши вода дневно за да остане хидрирана. Нејзината исхрана се базира на зеленчук и риба.