Дејан се врати дома: Овој успех не е само за мене, туку за цела Македонија

Олимпиецот Дејан Георгиевски попладнево слета на скопскиот Аеродром каде беше дочекан од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и стотици навивачи, членови на неговото семејство, претставници на неговиот клуб „Бутел“.

Во своето кусо обраќање, олимпискиот медалист истакна:

„Благодарност до сите за поддршката. Чувството е одлично. Премногу сум уморен. Покана вечер да дојдете да го прославиме овој успех кој не е само за мене, туку за цела Македонија“.

Тренерот Дарко Костовски е задоволен од постигнатиот резултат и најави нови успеси.

– Ни следува  Светско првенство во Кина. Се надеваме дека ќе му се реваншираме на Русинот во многу скоро време, истакна Дарко Костовски.

Неговиот брат Борче, кој го водеше Георгиевски на борбите рече: „Радувај се Македонијо, испишавме историја“.

Главната прослава за освоениот сребрен медал на Олимпијадата во Токио е закажана за вечер од 19:30 часот на скопскиот плоштад.

Парична награда во износ од 10.000 евра и месечна стипендија во висина од 1.000 долари ќе му додели Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Георгиевски за освоениот сребрен медал на Игрите во Токио.

– Олимпискиот комитет, кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на теквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно поддржан од Олимпискиот комитет, соопштиja попладнево од МОК.

Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра, а дополнително МОК на Георгиевски ќе му обезбеди стипендија за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 долари месечно.

На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Фото: Град Скопје

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе