Дејвид Бекам ја расплака Викторија со изјавата дека бракот бара напорна работа

Викторија Бекам наводно плачела два дена откако сопругот Дејвид Бекам „јавно ја понижил“ со тврдењата дека бракот бара напорна работа.

Модната дизајнерка била „засрамена“ и „потполно уништена“ бидејќи таткото на нејзините четири деца покажал таква „нечувствителност“, велат извори блиски до семејството Бекам за британскиот таблоид „The Sun“.

По објавувањето на интервјуто на Дејвид, Викторја (44) била „скршена“ и два дена потоа замина во германско одморалиште чија специјалност е наоѓање емотивен баланс, но портпаролот на Бекамови негира дека тоа било причината за патувањето.

„Кога Викторија дозна што кажал во интервјуто, беше потолно уништена. Немаше поим дека ќе каже толку нечувствителни работи и дека така јавно ќе ја посрамоти. Кога дозна, тоа беше како нуклеарна бомба да паднала во куќата на Бекамови“, вели изворот.

Во интервјуто за австралиската ТВ-емисија The Sunday Project, Дејвид Бекам кој е во брак со Викторија 19 години, вели дека нештата стануваат малку покомплицирани кога двајца луѓе се брак долго време.

„Сметам дека бракот секогаш бара напорна работа, децата си бараат време и внимание и го заслужуваат тоа. Има и тешки ситуации како кога сме разделени. Но, правиш сѐ за да функционира“, вели Дејвид Бекам.

Тој исто така додава дека научил да се фокусира на позитивното.

„Дел од моето созревање е тоа што научив да ги игнорирам негативните работи. Мислам дека ако добро се познавате, ќе знаете дека имате одлични пријатели и прекрасно семејство околу вас. Она што треба да го правите е да ги заштитите децата“, вели тој.

Ваквата изјава на Дејвид следи неколку недели откако Викторија беше на насловната страница на Vogue, а на семејните фотографии во едиторијалот внатре го немаше сопругот, што поттикна гласини за развод.

Дејвид и Викторија Бекам се венчаа во Ирска во 1999 година и имаат четири деца заедно – Бруклин (19) Ромео (16), Круз (13) и седумгодишата Харпер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе