Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20 век

Лондон, 18 јануари 2019 (МИА) – Британците преку јавно гласање на BBC го прогласија легендарниот пејач Дејвид Боуви за најдобар изведувач на 20 век. Тој почина на 10 јануари 2016, по битка со ракот.

Боуви е најпознат по хитовите „Space Oddity“, „Life On Mars“, „Heroes“, „Changes“, „Five Years“ и „All The Young Dudes“. А пак, неговата смрт беше инспирација за неговата „лебедова песна“ – посмртниот, 25 албум под наслов „Black Star”, кој како изненадување беше објавен на 71 роденден, два дена по неговата смрт.

Гласањето се однесуваше на постигнувањата на најважните и највлијателни личности на 20 век во седум различни полиња на човековите заложби. Како победник во едно од нив, Боуви ќе се најде и на финалното гласање што ќе се пренесува во живо на 5 февруари.

Во навраќањето на неговиот живот, BBC го оцени пејачот како „константен музички иноватор кој честопати ставајќи се себе во најразлични улоги и ликови, никогаш не се плашеше да воведе нови звуци“.

– Ликовите што тој ги создаде, од Зиги Стардаст до Тенкиот бел војвода, му дозволија да навлезе во нови звучни полиња. И Боуви секогаш ги бираше најдобрите соработници за да го постигне зацртаното. За разлика од многу други музичари, тој остана постојан низ целата своја кариера, соопшти BBC.

Боуви во својата категорија ги победи Кетлин Тарнер, Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј.

– Дејвид Боуви ја подигна „креативната летвичка“ за сите забавувачи и токму затоа тој целосно заслужи да биде крунисан за врвна икона на 20 век, изјави неговата „соперничка“ Тарнер.

И Мадона на  Facebook ја поздрави неговата „круна“, осврнувајќи се на вредноста на неговите погледи околу тоа – да се биде свој. Го смени мојот животен пат засекогаш. Вистински гение!, напиша таа.

Во другите категории, Алан Туринг е прогласен за научник на 20 век, Ернест Шаклтон е најдобар истражувач, а Нелсон Мендела победи во категоријата лидери. 

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе