Филм & ТВ

Дејвид Летерман: Никој немаше храброст да ме избрка од работа

21. март 2019 - 18:53 | А.С.

Дејвид Летерман се повлече од “Late Show” на NBC во 2015 година, по 33 години во етерот.

Популарниот ток шоу водител неодамна гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис каде зборуваше за неговото искуство како водител и за новиот предизвик со кој се зафати – шоуто на Netflix.

Летерман рече дека според него, премногу долго се задржал на телевизија и дека требало да си замине 10 години подоцна, но „никој немаше храброст да ме избрка од работа“.

Дури откако си заминал од шоуто сфатил дека треба да прави поинтересни работи во животот отколку да им поставува бесмислени прашања на славни личности.

Коментирај