Репрезентацијата на Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот откако со пресврт ја совладаа селекцијата на Казахстан со 2:1.
Одлучувачкиот поен на српскиот тим му го донесоа Новак Ѓоковиќ и Никола Чачиќ кои беа подобри од Андреј Голубјев и Александер Недовјесов со 6:2, 2:6, 6:3 за 1 час и 39 минути.
Хрватска во понеделник ја елиминираше Италија, а на завршниот турнир ја претставуваат Марин Ќилиќ, Борна Гојо, Нино Сердарушиќ, Мате Павиќ и Никола Мектиќ.
Во второто полуфинале е Германија која ќе игра со подобриот од мечот Русија Шведска.
Србија во петок во 16 часот во полуфиналето ќе игра против Хрватска.