СЕРИЈА А 2021/22

Џеко израмни рекорд на Роналдо

Одличниот Един Џеко го сврте натпреварот на Интер против Сасуоло откако влезе од клупата, постигна гол и изнуди пенал за освојување на три бода. Голот му донесе израмнување на рекорд стар 24 години, а поставен од Роналдо.

Со синоќешниот погодок Џеко го израмни рекордот на легендарниот Роналдо постигнувајќи 6 гола во првите 7 кола. Последниот кому му успеало вакво нешто беше токму еден од најдобрите играчи на сите времиња, во сезоната 1997/98, играјќи токму за Интер.

Во изјава за медиумите по натпреварот, Босанецот рече дека Интер има многу талентирани играчи и дека не може секој да игра во првиот тим, но дека секогаш се обидува да даде 100% од своите можности и да му помогне на тимот.

„Влеговме во игра за да направиме разлика во нашата игра бидејќи тренерот тоа го побара од нас пред замените. Имаме многу талентирани играчи кои не можат да бидат на теренот во исто време“, рече Џеко на почетокот од разговорот со Sky Sports Italia и продолжи:

„Кога ќе влезете во игра, треба да дадете повеќе од 100%, а тоа и го направивме и на крајот се исплатеше“.

Популарниот Плави дијамант понатаму рече дека очекувал ефикасен почеток на сезоната и дека тоа е и причината зошто дошол во клубот. Сепак, Интер сѐ уште нема постигнато гол во Лигата на шампионите, па Џеко одговори и на две прашања.

URL

„Нема објаснување зошто е тоа така, а лесно е да се суди додека седите во фотелјата пред ТВ. За жал, ние сѐ уште немаме постигнато гол во Лигата на шампионите, но ова е исклучително важна победа во Серија А“, вели тој.

„Очекував да ја започнам сезоната силно, ги знам моите квалитети и затоа Интер ме доведе во своите редови. Секогаш го давам својот максимум, без разлика дали сум во стартниот состав или влегувам од клупата“.

За потсетување, Џеко влезе од во игра во 57. минута кога Интер губеше со 1:0. Само 30 секунди подоцна, по асистенција на Иван Перишиќ, постигна брилијантен гол со глава за 1:1, а во финишот на натпреварот врз него беше направен прекршок за пенал, кој го реализираше Лаутаро Мартинес носејќи му три бода на својот тим.

Remote video URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе