Дел од улиците во Скопје денеска ќе бидат затворени за сообраќај

Поради одржување на велосипедска трка дел од улиците во Скопје денеска ќе бидат затворени за сообраќај.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска со почеток од 15:00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Трасата на движење ќе започне на ул. „Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул. „11 Октомври“ кон зградата на Собрание на Република Северна Македонија до крстосницата со ул. „Филип Втори Македонски“, па лево по ул. „Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по ул. „Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со ул. „Даме Груев“ кај ТЦ „Палома Бјанка“ и назад по ул. „Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

И утре ќеима посебен режим поради маратонот, но повеќе информации за тој сообраќаен режим МВР ќе објави во текот на денешниот ден.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Read more

Колку е моќен македонскиот пасош?

Read more

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе