Тенис

Дел Потро се повлече од турнирот во Лондон

20. јуни 2019 - 9:44 | МИА/КАЈГАНА

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро се повлече од турнирот во Лондон поради повреда на коленото.

Ова е официјално потврдено на Twitter профилот на турнирот.

Аргентинецот во првиот круг го победи канадскиот тенисер Денис Шаповалов (7:5, 6:4).

Неговиот противник требаше да биде Шпанецот Фелисијано Лопез, кој без борба обезбеди учество во четвртфиналето.

 

Коментирај