Делови од Балканот зафатени од урагански ветер

Скопје, 23 февруари 2019 (МИА) – Делови од јужна Босна и Херцеговина и Хрватска, како и Црна Гора и Косово минатата ноќ беа зафатени од силен ветер, што дуваше со брзина и до сто киломатри на час, предизвикувајќи значителни материјални штети.

Едно лице е повредено во босанскиот град Мостар, кога врз возилото со кое патувал паднало дрво откорнато од силниот ветер. Повредениот маж е пренесен во мостарската Универзитетска болница и е вон животна опасност.

Силниот ветер корнел и туркал дрва и столбови во повеќе делови на Херцеговина, предизвикувајќи блокади на патиштата и проблеми во собраќајот и оштетувајќи повеќе возила и фасади на објектите, а превртел и еден камион.

Локалните власти на Требиње информираа дека силниот ветер речиси целосно го уништил градскиот парк во овој град на југот на БиХ, а биле однесни и покривните конструкции на повќе куќи и згради.

Силниот ветер е причина избувнување на неколку пожари во хрватскиот реон на Далмација, во близина на Сплит, Макарска, Солин и Задар.

Само во реонот на Макарска биле регистрирани четири пожари, а утрово околку 5 часот, пожар избувнал и во близина на Солин, каде огнената стихија зафатила борова шума.

Во близина на Сплит пожар избувна синоќа околу 23 часот во месноста Брда, каде огнот зафатил трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во текот на ноќта, а при гаснењето полсено е повреден еден пожарникар.

Помали пожари избувнале и кај местата Нин и Вргорац, во близината на Задар.

Во црногорскиот град Бар пак, силниот ветер урнал скеле поставено за реновирање на еден хотел, но при тоа никој не е повреден.

Црногорските метеоролози информираат дека силниот ветер донел невообичаено студено време за крајбрежните делови на Црна Гора за овој период од годината.

Силниот ветер предизвикал поголеми материјални штети и во косовскиот главен град Приштина. Ветрот предизвика кинење на кабли на далеководи, поради што неколку косовски села се без електрична енергија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе