Mitsubishi во минатото го користеше името Eclipse за четири генерации на својот спортски автомобил, но сега го враќа тој бренд за кросовер автомобил.
Станува збор за моделот Eclipse Cross, кој ќе биде премиерно прикажан на автомобилскиот саем во Женева во март.
Најновите тизер потврдуваат дека автомобилот ќе биде многу сличен на XR-PHEV концептот кој беше претставен на крајот на 2013 година, а две години подоцна беше заменет со новиот XR-PHEV II концепт. Новиот модел ќе биде позициониран над моделот ASX, а ќе биде под Outlander.
Дизајнерите на новиот модел му дале дизајн со истакнати линии и остри агли, како и футуристички изглед.
Европскиот модел ќе има 1,6 литарски бензински турбо-мотор, а веќе е потврдено дека ќе добие и plug-in хибридна верзија.