Демант на објава „Не сме знаеле дека индиски ореви растат во Македонија“

Кајгана
/ 19.01.2022 / 17:57

Во врска со објавената содржина „Не сме знаеле дека индиски ореви растат во Македонија“, oд компанијата БАКО ни испратија барање за демант:

„Почитувани,

Најостро ја демантираме вашата објава со наслов Не сме знаеле дека индиски ореви растат во Македонија.“

Имено, согласно правилникот на Агенција за храна и ветеринарство и важечката законска регулатива во нашата држава, наведувањето на Македонија како земја на потекло на индиските ореви е сосема исправно и апсолутно е во ред. Со горенаведената објава, ги доведувате нашите потрошувачи во заблуда“.

----------------------------------------------------------------

Бидејќи сме професионален онлајн медиум кој ги почитува новинарските и етичките стандарди во професијата, за да ја разјасниме ситуацијата им ги поставивме следните прашања:

„Почитувани,

Во врска со вашето барање за демант и барање за јавно извинување во врска со објавената содржина Не сме знаеле дека индиски ореви растат во Македонија“, би сакале да ве прашаме следново, пред да донесеме одлука дали треба да објавиме демант и јавно да ви се извиниме:

- Дали да ви се извиниме бидејќи не сме знаеле дека индиски ореви растат во Македонија? (бидејќи навистина не сме знаеле, а така сте ги декларирале на вашето пакување "Земја на потекло: Македонија")

- Дали да демантираме дека земјата на потекло на производот е Македонија? Што би требало да содржи демантот? Дека се од Македонија, дека не се од Македонија или дека не сме знаеле дека растат во Македонија?

- Kоја е земјата на потекло на индиските ореви? Независно од правилникот дека може да се декларираат дека се потекло од Македонија, бидејќи навистина сме збунети сега која е вистината и со што сметате дека сме ги ставиле во заблуда вашите порошувачи“.

----------------------------------------------------------------

Потоа, од компанијата БАКО ни пристигна одговор кој ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

Треба да објавите дека согласно правилникот на АХВ и важечката законска регулатива во РСМ, наведувањето на Македонија како земја на потекло на индиските ореви е сосема исправно и апсолутно е во ред така да се наведе и дека вашата објава не била коректна поради тоа, бидејќи вака како што е објавата се остава простор кај секој купувач да помисли дека нашата компанија ги доведува купувачите во заблуда со погрешно декларирани производи, а со што апсолутно се руши реномето на нашиот бренд.

Индиските ореви се увезени како суровина, меѓутоа како што напоменавме, законот дозволува да секој производ кој е увезен како суровина, а во РСМ подлежи на било каква доработка или преработка (печење, пржење, пакување) може да се декларира како производ со потекло од РСМ.

На декларацијата на производот јасно и читко пишува дека финалниот (готовиот) производ 'Индиски ореви печени 100 gr' се произведени во РСМ со локални и увезени сурови материјали.

Ви благодариме на разбирањето.

 Со Почит“

реклама
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе