Демаркус Казнс потпиша со шампионот Голден Стејт Вориорс

Играчот кој се очекуваше да биде втората ѕвезда која ќе го засили тимот на Лејкерс по Леброн Џејмс отиде во спротивна насока и потпиша за најголемиот ривал за шампионската титула, Голден Стејт Вориорс.

Опоравувајќи се од повредата на Ахиловата тетива, Демаркус Казнс е голем ризик за било кој тим, но неговиот квалитет го прави исплатлив ризик за Голден Стејт.

Казнс (27) потпиша едногодишен договор вреден 5,3 милиони долари и наредната сезона ќе послужи како показател дали тој може целосно да се врати по тешката повреда. Сега Голден Стејт Вориорс има петорка составена од 5 Ол Стар играчи: Стеф Кари, Клеј Томпсон, Кевин Дурант, Дрејмонд Грин и Демаркус Казнс.

Во минатата сезона, пред повредата, Казнс имаше просек од 25,2 поени, 13 скока и 5,4 асистенции, заедно со шут од 35% зад линијата за три поени. Тој е огромно засилување за центарската позиција на Вориорс, каде до минатата сезона ротираа Заза Пачулија и Џавел Мекги.

На местото на Казнс во Пеликанс потпиша довчерашниот играч на Лос Анџелес Лејкерс, Џулиус Рендл. Тој потпиша двегодишен договор во вредност од 18 милиони долари и ќе му се придружи на Ентони Дејвис во тимот на Њу Орлеанс Пеликанс во обидот да се обезбеди нов настап во плејофот.

Сегашната ротација на Голден Стејт Вориорс повторно ги става како први и неприкосновени фаворити за освојување на титулата. Покрај петте стартери, тука се и играчи кои влегуваат од клупата како Андре Игудала и Шон Ливингстон, кои и понатаму имаат голем учинок на теренот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе