Демо снимката за „Starman“ на Дејвид Боуви ставена на аукција

Демо снимка за која се смета дека е првата верзија на песната „Starman“ на Дејвид Боуви ќе биде ставена на аукција. Демото од 1971 година се проценува дека ќе се продаде за 11.500 евра.

На оваа демо снимка може да се слушне како Боуви му кажува на гитаристот Мик Ронсон да не го прекинува снимањето бидејќи песната уште трае.

BBC пишува дека Ронсон оваа снимка му ја дал на неговиот пријател Кевин Хачинсон, кој откако ја преслушал песната, напишал „Проба Дејвид Боуви“ на носачот на звук и го оставил на таван.

На истата демо снимка ги има и песните „Moonage Daydream“ и „Hang Onto Yourself“.

„Кога прв пат ја слушнав песната помислив дека е многу добра. Не мислев дека е фантастична. Кога имате шеснаесет години малку работи може да ве импресионираат“, рече Хачинсон.

Демото го чувал сите овие години, а денес мисли дека песната е феноменална. За снимката го потсетила неговата сопруга Клер на која порано ѝ раскажувал дека се дружел со Ронсон.

Демото ќе биде ставено на продажба преку аукциската куќа Omega, а се проценува дека ќе достигне цена од 11.500 евра.

Ден Хемпсон од Omega изјави дека е голема веројатноста ова да е првата снимка на песната „Starman“ воопшто.

„Има многу митови за творештвото на Дејвид Боуви, а овој сиров материјал покажува како изгледал креативниот процес на еден гениј“, рече тој.

Песната „Starman“ се најде на албумот „Ziggy Stardust“ објавен во 1972 година и тоа беше албумот со кој се прослави Боуви.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе