Демократите би можеле да му го загорчат животот на Трамп

Избирачките места се затворени, а со тоа завршија и изборите за Конгресот на САД. Резултатите покажаа дека републиканците победија во Сенатот, а демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом.

Оригиналниот текст беше објавен во германското издание на Deutsche Welle.

Овие избори за Конгресот на САД ги наелектризираа Американците како ниту едни досега. Созјузните држави информираа за рекордна излезност, а на некои гласачки места луѓето со часови стоеја во редови за да го дадат својот глас.

Во голем број изборни единици трката меѓу кандидатите беше неизвесна. Посебно внимание привлече Претствничкиот дом во кој Демократската партија обезбеди мнозинство.

„Постигнавме историска победа. Ова не е победа за нашата партија, туку за вредните американски семејства. Ова е победа за нашата земја. Таа ја претставува моќта на нашиот Устав. Победата е чест за мажите и жените во униформи и чест за амбициите на нашите деца“, изјави демократската претставничка Ненси Пелоси.

Пелоси сака да го преземе местото претседателка на Претставничкиот дом. Во тој случај таа би била важен опонент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Републиканецот Чарлс Кинг Малори, кој долги години беше шеф на Институтот „Аспен“ во Берлин, смета дека мнозинството што го освоија демократите би можело да му го загорчи животот на Трамп.

„Ако на пример нив не им се допадне надворешната политика на Трамп. Претставничкиот дом едноставно може да го блокира финансирањето, како што беше во времето на Роналд Реган во 80-тите години на минатиот век. Според еден речиси непознат Закон од 20-тите години на минатиот век, тие имаат право да ја побараат даночната пријава на претседателот. Имаат право и да покренуваат истраги. А тоа во овој случај би било многу непријатно за господинот Трамп“, вели Кинг Малори.

Мнозинство на Трамп во Сенатот

Трамп токму тоа сака и да го спречи. Поради тоа сите сили ги употреби во изборната борба на неговите републиканци, а демократите ги оквалификува како опасност за земјата.

Главна мотивација на бирачите беше да се поддржи или да се ослаби Трамп.

Една избирачка ваквиот став го формулираше во следната изјава: „Не можам да го поднесам неговиот став кон правата на жените. Гласав за карактер, а тој нема карактер“. Други гласачи, оние што го поддржуваат Трамп, пак, велат: „Се обидуваме да ги поправиме работите во Вашингтон“.

Како и да е, претседателот Трамп и неговите републиканци успеаја. Освоија мнозинство во Сенатот. Демократите изгубија важни места во Сенатот, како оние во Северна Дакота и Индијана.

„Ние конзервативците, предводени од претседателот Трамп, мораме да докажеме дека нашиот начин на размислување функционира и тоа што функционира во Индијана ќе функционира и во остатокот на Америка. Мислам дека можеме да сториме многу работи“, изјави новоизбраниот сенатор од Индијана, Мајк Браун.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарена цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе