Свет

Демолиран „мостот на смртта“ во Колумбија

12. јули 2018 - 13:34 | А.С.

Колумбиските власти одлучија да ги демолираат остатоците од мостот во изградба во Чирахара што требаше да ги поврзува Богота и Вилавиченцо.

Во јануари годинава загинаа девет градежни работници откако дел од мостот се сруши за време на изградбата, поради што локалните медиуми го нарекоа „мост на смртта“.

Властите решија да го срушат делот од мостот што остана да виси на едната страна, откако истрагата покажа дека причината за рушењето била грешка во изградбата.

Во демолирањето на мостот што требаше да се издига над клисурата длабока 280 метри беа употребени 200 килограми експлозив.

Се планира наскоро да се почне со изградба на нов мост што значително ќе го скрати времето на патување во централна Колумбија.

Коментирај