Во петокот после полноќ телефонски во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на улица „Востаничка“, во населбата Црниче во општината Кисела Вода, бил демолиран штаб на политичка партија „ВМРО ДПМНЕ“, соопштуваат од МВР.
Според МВР, од страна на неколку непознати лица биле искршени стаклата од влезната врата и страничните стакла од двете страни на вратата. Се работи на целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.