Демонстрации во Атина: Американци – убијци!

Група приврзаници на Комунистичката партија на Грција се обидоа да ја срушат статуата на поранешниот американски претседател Хари Труман на протестите во центарот на Атина против американската воена интервенција во Сирија.

Демонстрантите се судрија со полицијата која употреби солзавец за да ги растера, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Најмалку тројца демонстранти се повредени, а според новинската агенција АНА, најмалку две лица се приведени. Судирите избија кај статуата на Хари Труман.

Во протестите учествувале студенти и ученици кои марширале кон американската амбасада во Атина.

Во главниот град на Грција веќе трет ден се организираат протести против воената интервенција на САД во Сирија, на кои учествуваат по 6.000-7.000 луѓе и на кои беше запалено и американското знаме.

Протестите ги организира грчката Комунистичка партија.

Демонстрантите е собраа на централниот плоштад Синтагма во Атина од каде продолжија кон американската амбасада, извикувајќи пароли против САД.

На улицата пред амбасадата со црвена боја испишаа „Американци-убијци на луѓе“, а потоа неуспешно се обидуваа да фрлат боја во дворот на амбасадата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе