Демонстрантите во Сантјаго запалија две полицајки со Молотови коктели

Две полицајки беа тешко повредени во текот на денешниот протест и судир меѓу демонстрантите и полицијата во главниот град на Чиле, Сантјаго, откако кон нив биле фрлени Молотови коктели.

Во текот на крвавите протести во Чиле, полицијата со демонстрантите главно се бори со солзавец и водени топови, а демонстрантите возвраќаат со различни средства, меѓу кои се и Молотови коктели.

Двете полицајки биле погодени во пределот на главата, а особено се потресни снимките и фотографиите на кои кај едната од нив се гледа целиот ужас низ кој минува додека колегите се обидуваат да го изгаснат огнот од нејзиното лице.

Повредени се 20-годишната Абигејл Каталина Абурто Карденас и нејзината пет години постара колешка Марија Хосе Ернандес Торес, двете припаднички на специјалната полиција од Сантјаго, пренесуваат британските медиуми.

Двете во болница ги посети министерот за внaтрешни работи Гонсало Блумел, кој оттаму го осуди нападот.

„Ова е чисто насилство што нема врска со легитимните барања на демонстрантите. Тоа беше чин на кукавичлук и агресија насочени кон полицајките кои работат на обезбедување на мирот на своите сограѓани“, изјави Блумел.

Новинарите кои се затекнаа на местото на настанот информираа дека полицијата, откако ги видела своите запалени колешки, ги интензивирала своите активности, почнувајќи да пука врз демонстрантите со гумени куршуми и ја засилила употребата на солзавец.

Во двонеделните судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат заради зголемената цена на превозот во земјата досега се повредени повеќе од 800 полицајци и околу 1.650 демонстранти.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе