Симбиологот од „Харвард“ кого го засакавме во „Кодот на Да Винчи“ повторно ќе се појави но нашите раце кога ќе излезе новата книга во септември.

Писателот Ден Браун објави дека во на 9 септември годинава ќе излезе во продажба неговата најнова книга со наслов „The Secret of Secrets“ (Тајната на тајните).
Нормално, трилер приказната ќе биде околу симбиологот од „Харвард“ Роберт Ленгдон кој прв пат се појави во бестселерот „Ангели и Демони“.
Браун во гостување на „Good Morning America“ рече дека „'Тајната на тајните' е најинтригантно заплеткана приказна што некогаш ја напишал“ и дека поради тоа смета „дека е најзабавна“. Затао и му требало толку многу време да ја напише.
Лангдон овој пат патува во Прага за да присуствува на револуционерното предавање на Кетрин Соломон — истакната ноетичка научничка со која неодамна започнал врска. Кетрин е на работ да објави експлозивна книга која содржи зачудувачки откритија за природата на човековата свест и се заканува да го наруши вековното воспоставено верување. Но, бруталното убиство го катапултира патувањето во хаос, а Кетрин одеднаш исчезнува заедно со нејзиниот ракопис. Ленгдон се наоѓа себеси на мета на моќна организација и го лови застрашувачки напаѓач кој потекнува од најдревната митологија на Прага. Како што заплетот се проширува во Лондон и Њујорк, Ленгдон очајно ја бара Кетрин... и за одговори. Во возбудлива трка низ двојните светови на футуристичката наука и мистичното учење, тој открива шокантна вистина за таен проект кој засекогаш ќе го промени начинот на кој размислуваме за човечкиот ум.
„Тајната на тајните“ е шеста книга во серијалот со пропф. Ленгдон и излегува 26 години по првата книга „Ангели и Демони“ од 2000 гфодина. Следуваше „Кодот на Да Винчи“ во 2003, па „Загубениот симбол“ во 2009, „Инферно“ во 2014 и „Потекло“ во 2017.