Ден за вистински фанатици: Дербија ширум Европа, сите на ТВ во живо

Низ Европа денеска се играат голем број фантастични фудбалски натпревари, а за оние вистински гурмани и љубители на најважната споредна работа на светот местото пред телевизорот е веќе безбедно резервирано.

Програмата на одлични натпревари се отвора со дуелот меѓу Ајакс и Фејнорд од 14:30 часот, а тоа ќе биде дуел меѓу првопласираниот (Фејнорд) и второпласираниот, со три бода разлика, па без сомнение дека денес фудбалските фанови во Холандија ќе имаат можност да проследат вистински фудбалски спектакл.

Половина час подоцна на „Емирејтс“ ќе се сретнат Арсенал и Кристал Палас, во натпревар во кој „Топчиите“ ќе се обидат да ја задржат предноста во однос на Манчестер Сити и да ја зголемат разликата во бодови на +8, што секако ќе изврши дополнителен притисок на тимот на Пеп Гуардиола.

Арсенал испадна од Европа и единствено му преостанува Премиер лигата, а ќе игра против тимот кој во петок го отпушти менаџерот Патрик Виера.

Воедно, во Италија се игра многу интересен дуел меѓу Торино и Наполи, во кој „Партенопеите“ ќе се обидат да ја одржат фантастичната серија и да направат уште еден важен чекор кон шампионската титула.

Два часа потоа, поточно во 17:05 часот, ПСЖ на свој терен го пречекува Рен, а оние кои подобро ја следат француската лига сигурно се запознаени со квалитетот на гостинскиот тим и дека денешниот натпревар нема да биде така лесен за богатите парижани.

Во германската Бундеслига има интересен натпревар помеѓу Баер од Леверкузен и Баерн од Минхен, а актуелниот германски шампион ќе биде под малку поголем притисок бидејќи Борусија Дортмунд победи во саботниот натпревар и сега има бод предност пред нив.

Во 18 часот се игра големото римско Дерби дела Капитале помеѓу Лацио и Рома, а нема дилема дека овој дуел, како и секој претходен, ќе донесе многу возбудувања, страст и квалитетен фудбал, Што се однесува до Италија треба да да се каже дека во терминот од 20:45 часот е резервиран за големото Дерби д'Италија меѓу вечните лути ривали Интер и Јувентус.

За крај, и како шлаг на тортата, на стадионот „Ноу Камп“ се игра Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое доаѓа во време на голема нетрпеливост меѓу двата клуба, откако Каталонците се обвинети за корупција и дека со години потплатувале судии.

До каде отиде сето тоа најдобар показател е дека газдата на Реал, Флорентино Перес, кој од безбедносни причини денеска нема да биде на стадионот. Инаку, Барселона на овој натпревар ќе се обиде да ја задржи или дополнително да ја зголеми предноста во поредокот во однос на Реал, која моментално изнесува 9 бода. Од друга страна, за Кралскиот клуб ова е можеби последна шанса да се врати во борбата за шампионската титула.

Распоред на натпревари и ТВ пренос:

Ајакс - Фејнорд 14:30 ч. (Sport Klub 1)

Арсенал - Кристал Палас 15:00 ч. (Arena Sport Premium 1)

Торино - Наполи 15:00 ч. (Arena Sport Premium 2)

ПСЖ - Рен 17:05 ч. (Arena Sport 1)

Баер Лев. - Баерн 17:30 ч.

Лацио - Рома 18:00 ч. (Arena Sport Premium 2)

Интер - Јувентус 20:45 ч. (Arena Sport Premium 2)

Барселона - Реал Мадрид 21:00 ч. (Arena Sport Premium 1)

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Фудбал

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Read more

Норвешка без Холанд против Шпанија

Read more

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Read more

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Read more
 

Спорт

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе