Денес избори во САД, а после колку дена ќе го знаеме победникот?

Кајгана/Макфакс
/ 05.11.2024 / 11:34

Дојде денот на изборите во Америка. Демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп се во трка за претседател на Соединетите Американски Држави. Повеќе од 78 милиони луѓе гласаа пред денот на изборите. Трката за претседател е многу тесна. Како всушност функционираат американските избори и кои се одговорите на клучните прашања.

Како се одредува победникот?

Секоја држава делегира на избирачкиот колеџ онолку избирачи колку што му припаѓаат во однос на нејзиното население. Има вкупно 538 електори, што е бројка што одговара на бројот на конгресмени и сенатори во американскиот парламент.

Тоа значи дека има вкупно 538 електори: 435 претставници и 100 сенатори, плус три за округот Колумбија. Кандидатот кој ќе освои најмалку 270 електори станува претседател.

Калифорнија е најнаселената американска сојузна држава и има најмногу електори (54), а потоа следат Тексас (40), Флорида (30) и Њујорк (28). На другиот крај од спектарот се ретко населените држави како Алјаска, Вермонт, Делавер, Вајоминг или Монтана, кои имаат само по тројца електори.

Со два исклучоци, во сојузните држави владее начелото „победникот зема се“ – кандидатот кој во таа држава ќе го освои поголемиот број гласови од бирачите, макар и со најмала можна разлика го освојува сите нејзини електори. Исклучок се Небраска и Мејн, кои ги делат електорите пропорционално на бројот на освоени гласови.

Кога ќе го дознаеме победникот?

Ова е многу незгодно прашање и вистинскиот одговор е – зависи од неколку работи. Некои држави можат да ги објават резултатите прилично брзо, но за многумина тоа би можело да биде долг процес – особено ако има голем број на предвремени гласања и гласачки ливчиња по пошта кои се пребројуваат ноќта по оние кои биле лично дадени.

На последните претседателски избори во САД во 2020 година, американските медиуми беа доволно самоуверени да го објават резултатот во саботата, четири дена по денот на изборите.

Кога победникот ја презема функцијата?

Едно нешто што знаеме е дека кој и да победи на денешните избори формално не станува претседател до Денот на инаугурацијата – кога ќе положи заклетва пред американскиот Капитол во Вашингтон пред главниот судија на Врховниот суд. Тој ден е понеделник, 20 јануари 2025 година.

реклама

Свет

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Read more

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Read more

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Read more

Трамп го избра крипто царот

Read more
 

Вести

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Читај повеќе

Полициско возило излета од патот Охрид-Кичево: Повредените полицајци пренесени во болница

Читај повеќе

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Читај повеќе

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Читај повеќе

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Читај повеќе

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Читај повеќе

Обвинение против 4 лица за предизвикување омраза

Читај повеќе

Изложба (Ре)откружено во Крива Паланка

Читај повеќе