Денес се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на WizzAir Скопски маратон 2024 денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, со непроменета траса се градските линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В и приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.

Изменет режим на сообраќање ќе имаат автобусите со број 5, 7, 15, 15 А, 21, 22, 23, 27, 28, 31, 41, 51, 67, 70, 50, 50А, 57, 59, 59 А, 58, 58а и 58б. Изменетиот режим на сообраќање на автобусите е објавен на веб-страната на ЈСП „Скопје“.

„Ги потсетуваме сите учесници дека на денот на маратонот ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица)“, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.

МВР информира дека денеска од 8 часот поради одржување на маратонот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат два пати) – Старт кај Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“, право кон Рекорд, односно по ул. „Димитрие Чуповски“, право по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул. „Ангел Динев“, каде се врти полукружно назад по истата траса сѐ до Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул. „11-ти Октомври“, лево по бул. „Крушевска република“, десно по бул. „Трета македонска бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул. „Јане Сандански“, сѐ до крстосница со бул. „Србија“, каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул. „Јане Сандански“ сѐ до крстосница со бул. „Кузман Јосифовски Питу“, каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул. „Васко Карангелевски“, десно по ул. „Васко Карангелевски“, десно по бул. „Трета Македонска Бригада“, лево по бул. „Крушевска република“, десно по ул. „11-ти Октомври“ до целта – плоштад „Македонија“, се вели во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Македонија

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Read more

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Read more

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Read more

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе