Денешните млади помалку пијат, подоцна почнуваат со сексуални односи и се осамени

Тинејџерите и младите луѓе денес помалку пијат и пушат цигари, подоцна почнуваат со сексуални односи и повеќе се образуваат. Сепак, се поосамени од кога било бидејќи сѐ стана онлајн и имаат сѐ помалку контакти во живо, покажа истражувањето на списанието „The Economist“.

Младите денес се помалку хедонистички настроени, а промените што се случија покажаа дека овие нови генерации млади луѓе се многу поразлични од сите досега во скоро сите побогати земји, почнувајќи од земјите во Европа и САД, до Јапонија и Јужна Кореја.

На пример, многу од нив подоцна почнуваат да пијат алкохол, а просечната возраст на која тинејџерите во Австралија, на пример  почнуваат да пијат, е поместена од 14,4 на 16,1 години.

Бројот на тинејџери кои пробале цигара во Европа опаѓа уште од 1999 година.

Расте и бројот на тинејџери кои воопшто не пробале алкохол, дрога или цигари и лекови. Бројот на апсолутни апстиненти во Шведска порасна од 11 на 33 проценти во изминатите 12 години, односно од 23 на 61 процент во Исланд.

Во САД, дрогите, со исклучок на марихуаната, се сѐ помалку популарни.

Кога е сексот во прашање, во 1991 година 54% од американските тинејџери имале сексуално искуство во периодот од  14 до 18 години, а 19% имале секс со најмалку четворица партнери.

Пред две години, тие проценти изнесуваа 41, односно 12%.

Во САД, бројот на млади од 20 до 24 години кои немале сексуален партнер во 60-тите изнесувал 6,3 %, а кај родените во почетокот на 90-тите сега зинесува 15,2%.

Во Јапонија, 47%  од младите на возраст од 20 до 24 години рекле дека никогаш немале секс, а во  2002 година бројот изнесувал една третина од оваа старосна група.

Една причина, според истражувачите, е фактот дека се сменил семејниот живот. Истражувањето спроведено во 11 земји покажало дека родителите поминуваат многу повеќе време со нивните деца.

Бројот на момчиња кои рекле дека им е лесно да разговараат со нивните родители, поточно со таткото, се зголемил во изминативе години во 24 од 32 богати земји, а кај девојчињата тоа е случај во 29 од 34 земји.

Ист е трендот кога се работи и за разговор со мајката.

Другата причина се смета дека е фактот што денешните деца се повеќе фокусирани на училиште и образование и дека бројот на образувано население во старосната група од 25 до 34 години пораснал од 26 на 43 проценти во изминатите 16 години.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе