БУНДЕСЛИГА 2019/20

Денеска 126. Дер Класикер дерби на Борусија и Баерн

Пред празни трибини двата тима го играат натпреварот на сезоната кој одлучува за титулата во германската лига.

Денеска од 18:30 часот на „Зигнал Идуна Парк“ во Дортмунд второпласираната Борусија ќе го пречека лидерот Баерн во 126. дерби во историјата, популарно познато како Дер Класикер.

Многу важент момент за домаќините кои имаат 4 бодови заостанување зад тимот од Минхен. За нив победата е императив бидејќи само така ќе останат во игра за титулата. Реми ќе значи дека во преостанатите кола ќе мора да очекуваат услуга од другите екипи, додека пораз најверојатно ќе значи уште една титула за Баерн.

Токму од таа причина натпреварот е исклучително важен и за гостите од Баварија. Со победа ќе се одлепат на +7 од Борусија и со 7 кола до крајот ќе бидат многу блиску до јубилејната 30-та титула шампион на Германија. Со оглед натоа што Баерн е гостин, му одговара и нерешено, додека не сме да си дозволи пораз и топење на разликата.

Можни состави

Борусија: Бирки; Пишчек (к), Хумелс, Аканџи; Хакими, Џан, Брант, Герејру; Санчо, Холанд, Азар.
Суспендирани: /
Повредени: Ројс, Шулц, Загаду
Неизвесни: Вицел
Тренер: Лусјан Фавр

Баерн: Нојер (к); Павар, Боатенг, Алаба, Дејвис; Кимих, Горецка; Њабри, Милер, Коман; Левандовски.
Суспендирани: /
Повредени: Кутињо, Тијаго, Толисо
Неизвесни: Зиле
Тренер: Ханси Флик

Во досегашните 125 натпревари во сите официјални натпреварувања, поуспешен е Баерн со 36 победи повеќе. Првиот натпревар помеѓу двата тима се одиграл на 16 октомври 1965 година во Минхен, а славела Борусија со 0:2. На последниот, во рамките на оваа сезона, на 9 ноември 2019 во Минхен со убедливи 4:0 славеше Баерн.

Досегашни дуели: 125
Бундеслига: 103
ДФБ-Покал: 11
Лигапокал: 2
Суперкуп: 6
Лига на шампиони: 3
Победи на Борусија: 33
Нерешени: 33
Победи на Баерн: 59
Гол-разлика: 150:238 (во корист на Баерн)
Највисока победа на Баерн: 11:1 во 1971
Највисока победа на Борусија: 4:0 во 1967
Најмногу одиграни натпревари: 33 - Томас Милер
Најмногу постигнати голови: 23 - Роберт Левандовски

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе