Денеска аудиција за статисти во новиот филм на Ѓорче Ставрески

Кон крајот на септември почна снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, а во продукција на Фрагмент Филм.

Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредните месеци, во период од 38 дена, од 25.09 и 06.11.2024.

Guzzva Casting Agency објави јавен повик за статисти во филмот, наведувајќи дека се бараат луѓе од сите возрасти и не е потребно претходно искуство.

Аудицијата ќе се одржи денеска, 2 октомври, од 15 до 20ч. во просториите на Вардар Филм. Аудицијата ќе се состои само од фотографирање и не е потребна никаква припрема, а ангажманот на статистите се плаќа.

„Трампи“ е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител“, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.

Главните улоги во филмот ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска. Во останатите улоги се: Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски и многу други.

Директор на фотографија на „Трампи“ е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка и маска Јасмина Лилиќ од Р. Србија, дизајнер на звук Лука Шуто од Р. Чешка. Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска. Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ѓорче Ставрески, копродуцент е Алзбета Јаначкова.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија и Чешки филмски фонд.

реклама

Филм & ТВ

Netflix го купува HBO Max

Read more

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Read more

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Read more

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

Netflix го купува HBO Max

Читај повеќе

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Читај повеќе

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Читај повеќе

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини блесна во облека што зрачи со винтиџ холивудски гламур

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Читај повеќе
26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

Читај повеќе