ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Денеска е Боксинг деј празник во Англија

Тотенхем и Брајтон го отвораат денот кој ќе заврши вечер со дербито помеѓу Лестер и Ливерпул.

Денот го отвора Жозе Мурињо кој без суспендираниот Сон Хјон-мин и повредените Иго Лорис и Ерик Ламела ќе го пречека Брајтон кој пак три натпревари не знае за победа. Откако го загуби дербито со Челси, Тотенхем е пред императив победа бркајќи приклучок кон местата кои водат во Лигата на шампиони.

Нешто подоцна Карло Анчелоти ќе го има своето деби на клупата на Евертон кој на домашен терен го пречекува Барнли. Италијанскиот стратег уште на стартот се соочува со проблеми бидејќи поради повреди не може да смета на Андре Гомеш, Тио Волкот, Алекс Ивоби и Морган Шнедерлан. Такви проблеми немаат гостите кои ќе бидат единствено без играчот за врска Џеф Хендрикс кој мора да одлежи суспензија поради жолти картони.

Интерен дуел се очекува на „Олд Трафорд“ каде во приквечерниот термин ќе се сретнат два тима кои моментално се на делба на 8-мото место со ист број на бодови. Њукасл гостува кај Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјер.

Шлагот на денот е вечер. Џејми Варди против Мохамед Салах, второпласираниот Лестер го пречекува лидерот Ливерпул и ќе се обиде да им го нанесе првиот пораз на „Црвените“ сезонава. Брендан Роџерс има само еден проблем, Харви Барнс уште се мачи со повредата и е под знак прашалник за вечер. Од друга страна, Јирген Клоп е без Ловрен, Матип, Окслејд-Чејмбрлејн, Фабињу и Клајн, но сепак тоа не се играчи без кои Ливерпул не може. Затоа се очекува одличен натпревар кој ќе ги задоволи вкусовите на публиката.

Распоред за Боксинг деј:

13.30 ч.
Тотенхем - Брајтон

16 ч.
Астон Вила - Норвич
Борнмут - Арсенал
Челси - Саутемптон
Кристал Палас - Вест Хем
Евертон - Барнли
Шефилд - Вотфорд

18.30 ч.
Манчестер Јунајтед - Њукасл

21 ч.
Лестер - Ливерпул

Од ова 19-то коло сепак еден натпревар останува за утре кога Вулверхемптон ќе го пречека Манчестер Сити од 20.45 часот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе