Денеска е петок 13-ти – теории и суеверија

Петок 13-ти е познат и како најнесреќниот ден од кој некои се плашат како црна мачка да им го попречила патот (што е уште една целосна глупост).

Постојат разни теории за почетокот на стравот од петок 13-ти, а во нив се вклучени и разни митови и легенди. Еден од најпознатите е нордискиот мит за злобниот бог Локи, кој како 13-ти, непоканет гостин, се упатил на вечера со боговите во Валхала, небесната сала и дом на богот Один.

На Локи му здодеало во друштво на сериозни богови, па решил да си игра со нив и го убедил Ходер, слепиот бог на темнината, да го гаѓа Балдер, богот на радоста и задоволството, со стрела од имела. Балдер умрел и темнината завладеала со целата земја. Од тој момент бројот 13 се смета за фатален и застрашувачки.

Во стариот Рим постоело верување дека вештерките се собирале во групи од 12, а тринаесеттото место било резервирано за ѓаволот.

Сепак, повеќето историчари веруваат дека петок 13-ти добил лоша репутација поради апсењето на повеќе од стотина витези темплари, што се случило, погодувате, на петок 13-ти. Имено, во 1307 година францускиот крал Филип Убавиот во договор со тогашниот папа ги обвинил за ерес. Уапсените темплари биле подложени на тортура, а многумина ја признале својата вина.

Бројот 13 се споменува неколкупати во Библијата и е поврзан со злобни настани. На последната вечера имало 13 гости, а еден од нив недолго потоа починал. Постои верување дека последната вечера или распнувањето на Исус се случило на 13-ти (исто така во петок) и дека Каин го убил Авел на петок 13-ти и дека големата поплава почнала во петок.

Постојат и други неосновани суеверија дека на овој ден не треба да ги сечете ноктите или да ја потстрижувате косата. Ако случајно планирате да спиете вечерва под орев, селските баби сигурно ќе ве одвратат од тоа.

Тагови
реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Живот

Што ќе ни донесе ретрограден Јупитер во Близнаци?

Read more

Зошто ви е потешко да станете од кревет кога врне?

Read more

Три хороскопски знаци ќе имаат среќа со парите од 9 октомври

Read more

Како да го спасите вашиот пожолтен спатифилум?

Read more
 

Магазин

Што треба да јадете за слабеење ако имате над 40 години?

Читај повеќе

Три знаци во ушите кои можe да сигнализираат смртоносна болест

Читај повеќе

Како шетањето во природа може да ви помогне да се откажете од пушењето?

Читај повеќе

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Читај повеќе

Зошто почнуваме да си личиме со партнерот по некое време во врска?

Читај повеќе

Како да го намалите бројот на калории во вашите омилени јадења?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Есенска крем супа од печурки и зеленчук

Читај повеќе

Два рани знаци кои може да укажуваат на срцев удар

Читај повеќе

Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите

Читај повеќе