Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска гласаат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Најмногу болни и немоќни за гласање се пријавени во Прилеп и во Кичево по 486 граѓани, потоа во Струмица – 465, во Ново Село 375, во Крива Паланка 361, во Делчево 335 и во Липково 331. Гласање за болни и немоќни нема да има во Вевчани, а во Желино е прифатено барањето на само едно лице, додека во Шуто Оризари и во Центар Жупа ќе гласаат по четири болни и немоќни лица. Во Арачино се пријавени петмина за гласање денеска.

Од скопските општини во Гази Баба прифатени се барањата на 168 болни и немоќни за гласање, а во Бутел – 82, во Карпош ќе гласаат 80, во Кисела Вода – 57, во Ѓорче Петров 48, а во Аеродром 47.

Гласање ќе се спроведува и во 13 Казнено-поправни установи, а во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Гласање ќе има и во 17 старски домови каде правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Гласањето на овие лица се спроведува од страна на избирачките одбори, како и вообичаено досега, со тоа што и членовите на одборите, но и лицата што се пријавиле да гласаат задолжително мора  да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од COVID-19.

Врз основа на Упатството на ДИК членовите на Избирачкиот одбор и претставниците на политичките партии кои го спроведуваат гласањето во домот на болните, немоќните или хронично болните лица мора да носат заштитна маска преку нос и уста и ракавици за еднократна употреба, задолжително е одржување на физичка дистанца во текот на целиот процес, како и миење на раце и дезинфекција по завршување на процесот.

Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска или шал или марама или прекривка преку нос и уста. При самото влегување во внатрешниот простор, најпрво лицето кое гласа треба да ги дезинфицира рацете, при подавање на личната карта најпрво ја симнува накратко маската за идентификација, но мора да ја запази потребата дистанца од метар до метар и половина. По завршеното гласање лицето повторно ги дезинфицира рацете. Членовите на ИО маската ја менуваат на секои четири часа.

Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со COVID-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија синоќа соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од COVID-19 и во самоизолација.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено оти треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките што ги соопштија претходно во текот на вчерашниот ден, е од причина што тие одлучувале и прифатиле одредени приговори од граѓани.

Од вчерашното и денешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Право на глас на овие десетти парламентарни, а петти предвремени избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе