Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Денеска ќе се знаат финалистите на СП 2019

13. септември 2019 - 10:00 | М.С.

Денеска се играат два полуфинални натпревари на СП во Кина од кои ќе бидат познати финалистите за ФИБА 2019.

Шпанија, Австралија, Аргентина и Франција се пласираа во најдобрите четири екипи на планетата, додека фаворитите Србија и САД на крај играа за пласман од 5. до 8. место. 

Денот се отвора со дуел на Шпанија и Австралија, екипите кои ги елиминираа двете најголеми изненадувања на турнирот, Полска и Чешка, од понатамошниот тек на натпреварот. Натпреварот почнува во 10 часот.

Во второто полуфинале ќе играат Аргентина и Франција, екипи кои ги урнаа соништа на титаните - Србија и САД. Овој натпревар започнува во 14 часот.

Коментирај