Денеска пресуда за Јанкулоска во издвоената постапка за „Тенк“

Скопје, 8 октомври 2018 (МИА) - Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена прсудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.

Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршен збор наведе, дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

„Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност, бидејќи таа била свесна за своето дело и го сакала спроведувањето. Предлагаме Судот да ги земе како отежнувачка околност степенот на одговорност, а како олеснителна околност семејната состојба“, рече Фатиме.

Одбраната, во завршен збор, пак, рече дека во постапката било грубо нарушен принципот на еднаквост на оружјата, СЈО не ја докажало својата надлежност, како и дека Судот треба да донесе пресуда за дејствие што наводно се случило пред шест години врз основа на докази кои во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународни права.

Обвинетата Гордана Јанкуловска во завршен збор, рече дека додека траела постапката таа требало да се грижи за неколкумесечно бебе, како и дека била изложена на медиумски линч со објавување делови од незаконско стекантите аудио разговори.

„Во ниту еден момент во мене не постоела умисла да поттикнам некого за набавка на возило. Како министер никогаш и на никого не сум вршела притисок и ниту сум потпаднала под нечиј притисок. Судот во однос на мене треба да донесе ослободителна пресуда“, рече Јануколовска.

Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Двајцата се жалеа до Апелацискиот суд за висината на казните. Апелација во петокот соопшти дека жалбата на Груевски е отфрлена и му ја потврди затворската казна од две години. На Поповски, пак, пресудата му е преиначена на четири и пол години затвор.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Read more

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Read more

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Read more

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе