Денеска претпладне сончево, попладне ветровито

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) – Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час).

Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието. Поради високите температури на југоистокот сѐ уште ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје, претпладне сончево и топло, а од пладне ќе започне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу осум степени. Во петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

реклама

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Расте тензијата на Кавказ: Загинати и ранети ерменски и азербејџански војници

Read more

Кој е пасивен, а кој не може без секс: Хороскопските знаци во кревет

Read more

Тешки последици кои пациентите со COVID-19 ги чувствуваат месеци по оздравувањето

Read more

Македонија

Правото на глас го оствариле 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови и 1.235 затвореници

Read more

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Read more

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Read more

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Read more

Вести

Правото на глас го оствариле 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови и 1.235 затвореници

Читај повеќе

Од коронавирусот во светот починаа 3.000 здравствени работници

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Читај повеќе

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Читај повеќе

Аја Софија останува отворена за посетители кога ќе нема молитви

Читај повеќе

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Читај повеќе

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и други изборни нерегуларности

Читај повеќе

Кокино добива нови патоказни и информативни табли

Читај повеќе