Дени Мусовски прифати да игра за Македонија

Дени Мусовски прифати да игра за македонската репрезентација, соопшти ФФМ на својата веб-страница.

24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес, една од најдобрите екипи од американската лига МЛС, прифати да игра за македонската репрезентација и ќе биде повикан за ноемвриските натпревари на нашиот најдобар национален тим.

Селекторот Игор Ангеловски го контактираше фудбалерот со македонско потекло и доби потвден одговор околу неговиот настап во дресот на македонската репрезентација.

Доколку административно сѐ помине во најдобар ред и навреме во однос на неговиот македонски пасош (неговите родители имаат македонски пасош), тогаш Мусовски би бил во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација.

„Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, изјави Игор Ангеловски.

Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30 ноември 1995 година.

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Берлингејм Драгонс, Тусон, Сан Хосе 'Рткуејкс и Рино 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе