Адам Сендлер и Џенифер Анистон се одлични колеги и пријатели, но се чини не го делат ставот за тоа што значи соодветен моден избор за на премиера.
Двајцата присуствуваа на премиерата на нивниот нов филм Murder Mystery 2 на Netflix каде Анистон буквално блескаше во Atelier Versace минифустан со светки, а Сендлер се појави во дуксер.
Актерката во најмала рака не беше одушевена од модниот избор на колегата и додека даваше изјава за Entertainment Tonight.
„Што правиш, побогу?“, вресна Анистон. „Нема шанси да застанам до него.“
Анистон и Сендлер продолжија да дебатираат дали таа му дала благослов за неговиот моден избор.
„Ти така ми кажа. Ми прати порака: ‘Те молам носи дуксер’“, рече Сендлер.
„Реков: ‘Те молам, немој да носиш дуксер’“, одговори таа.
Видеото од „пресметката“ преку Entertainment Tonight можете да го погледнете подолу.