Колегите од популарната серија Friends Џенифер Анистон и Дејвид Швимер ги воодушевија обожавателите откако заедно глумеа во новата реклама за Супербоул.
Идејата зад рекламата за Uber Eats е дека за да запамтиш нешто ново, мора да заборавиш нешто што веќе си памтел.
Во случајот на поранешните „Пријатели“, Анистон е на сет, Швимер ѝ приоѓа и се обидува да ја прегрне, но таа се однесува како да не знае кој е.
Анистон ја играше Рејчел Грин во хит серијата, додека Швимер го играше нејзиното момче Рос Гелер. Двојката играше заедно во серијата од 1994 до 2004 година.
„Се знаеме?“, го прашува Анистон.
„Потсети ме“, продолжува таа, додека Швимер изненадено ја гледа и ѝ вели: „Па, работевме заедно 10 години“.
„10 години?“ одговара збунетата Анистон. Швимер уште шокиран што таа не може да се сети на него, ја прашува: „Уште не ти текнува?“.
Сепак, додека Анистон се оддалечува од актерот, таа иронично вели: „Таман работа, да заборавам 10 години од мојот живот“.
Фановите на Friends беа воодушевени од повторното обединување, а една твитерџика напиша дека рекламата е „сè што ми требаше“.
Покрај Анистон и Швимер, во рекламата се појавуваат низа славни личности меѓу кои Дејвид и Викторија Бекам.
Рекламата за Uber Eats ќе се емитува за време на големиот натпревар на Супербоул на 11 февруари.