Денис Муквеге и Надја Мурад добитници на Нобеловата награда за мир

Осло, 5 октомври 2018 (МИА) -  Докторот Денис Муквеге и Надја Мурад се годинешните лауреати на Нобеловата награда за мир поради нивните напори за запирање на користењето сексуално насилство како оружје во војните. 

Нобеловиот комитет оцени дека докторот од Конго, Денис Муквеге е најистакнатиот, најобединувачки симбол, на национално и на меѓународно ниво, во борбата против сексуалното насилство во војна и вооружени конфликти.

Надја Мурад, член на малцинството Јазеиди во Ирак, беше заробена од терористите на Исламска држава и постојано беше силувана и подложена на други злоупотреби. Комитетот вели дека покажала нескротлива храброст во раскажувањето на сопственото страдање.

За првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.

Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.

Во изминатите 40 години лауреатите на Нобеловата награда за мир биле:

1977 г. - Амнести интернешнал
1978 г. - Менахем Бегин (Израел)
1979 г.- Mајка Тереза (Индија)
1980 г. - Адолфо Перес Ескивел (Аргентина)
1981 г. - УНХЦР
1982 г. - Алва Мјурдал (Шведска) и Алфонсо Гарсија Роблес (Мексико)
1983 г. - Лех Валенса (Полска)
1984 г. - Дезмонд Туту (Јужна Африка)
1985 г. - Лекари во светот за спречување нуклеарна војна (САД)
1986 г. - Ели Визел (САД)
1987 г. - Оскар Ариас Санчес (Костарика)
1988 г. – Меѓународни сили на ОН за поддршка на мирот
1989 г. - Далај лама
1990 г. - Михаил Сергеевич Горбачов (СССР)
1991 г. - Аун Сан Су Чи (Мијанмар)
1992 г. - Ригоберта Менчу (Гватемала)
1993 г. - Нелсон Мендела и Фредерик де Клерк (Јужна Африка)
1994 г. - Јасер Арафат (Палестина), Јицак Рабин и Шимон Перес (Израел)
1995 г. - Џоузеф Ротблат (Велика Британија) и Pugwash Conferences on Science and World Affairs (Канада)
1996 г. - Карлуш Белу и Жозе Рамуш-Хорта (Источен Тимор)
1997 г. – Меѓународна кампања за забрана на противпешадиски мини и Џоди Вилијамс (САД)
1998 г. - Џон Хјум (Ирска) и Дејвид Тримбал (Велика Британија)
1999 г. - Лекари без граници (Швајцарија)
2000 г. - Ким Дае-јунг (Република Кореја)
2001 г. - ОН и Кофи Анан (Гана)
2002 г. - Џими Картер (САД)
2003 г. - Ширин Ебади (Иран)
2004 г. - Вангари Мута Маатхај (Кенија)
2005 г. - МААЕ и Мохамед ел Барадеј (Египет)
2006 г. - Мухамед Јунус и банка за микрокредити Грамин банк (Бангладеш)
2007 г. – Меѓувладина експертска група на ОН за климатски промени и Ал Гор (САД)
2008 г. - Марти Ахтисари (Финска)
2009 г. - Барак Обама (САД)
2010 г. - Лју Сјаобо (Кина)
2011 г. - Елен Џонсон-Сарлијф и Лејма Гбоуи (Либерија), Тауакул Карман (Јемен)
2012 г. - ЕУ
2013 г. - Организација за забрана на хемиско оружје
2014 г. - Малала Јусуфзаи
2015 г. - Туниски квартет за национален дијалог
2016 г. - Хуан Мануел Сантос, претседател на Колумбија
2017 г. - Меѓународна кампања за забрана на нуклеарно оружје

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе