Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман планира да отпатува во Русија за да бара ослободување на една од најдобрите кошаркари во светот, Бритни Грajнер, која на почетокот на месецов беше осудена на 9 години затвор поради поседување дрога.

„Добив дозвола да одам во Русија за да ѝ помогнам на таа девојка. Ќе се обидам да одам оваа недела“, изјави Родман за NBC News.
Американците потсетуваат дека ако Родман навистина замине во Русија, нема да биде првпат да иницира неформални дипломатски чекори со меѓународен лидер кој ги затегнал односите со Соединетите Американски Држави.
Имено, Родман во текот на претходната деценија беше поврзан со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, па неколку пати ја посети оваа изолирана земја.
Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин бил „кул“ по неговото патување во Москва во 2014 година, а сега само рече дека многу добро го познава.
Да потсетиме, Бритни е во притвор во Русија од 17 февруари, бидејќи пред да се качи на летот за Америка била уапсена бидејќи имала недозволена супстанција, односно екстракт од масло од канабис што се користи за електронски цигари.
Тоа не е легално во Русија, а казната за такво дело во Русија е до 10 години затвор.