Филм & ТВ

Денот кога Џенифер Анистон сруши Гинисов рекорд

17. октомври 2019 - 8:50 | А.С.

Корисниците на Instagram „одлепија“ завчера кога актерката Џенифер Анистон се приклучи на социјалната мрежа и ја објави нејзината прва фотка – селфи со колегите од популарната серија „Friends“.

Педесетгодишната ѕвезда се приклучи на Instagram завчераутро и како тоа да не беше доволно голема шоубизнис вест, реши дополнително да ги разгори страстите со објавување на селфи со нејзините „Пријатели“: Лиса Кадроу, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери.

„Сега сме пријатели и на Instagram“, напиша Анистон во нејзината прва објава на популарната социјална мрежа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

And now we’re Instagram FRIENDS too. HI INSTAGRAM

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Речиси веднаш почнаа да летаат заследувања и коментари, што дури доведоа до технички проблеми и некои корисници не можеа да ја заследат Анистон.

Веста не завршува тука. „Џенифер Анистон ефектот“ уште е силен како и пред 20 години кога нејзината фризура стана најкопираната и најбараната во светот. Актерката успеа со нејзиното приклучување на Instagram да го сруши светскиот рекорд за најбрзо време во кое еден профил добил 1 милион следбеници – таа го сруши рекордот за 5 часа и 16 минути.

Претходно рекорот го држеа британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Профилот @sussexroyal стигна до милион следбеници за 5 часа и 45 минути.

Анистон во моментов има 11,2 милиони следбеници, а следи 121 профил на Instagram.

Коментирај