Деновите на Тихиот Океан му се одбројани, ќе се појави нов суперконтинент

Научниците предвидуваат дека во следните 300 милиони години Тихиот Океан ќе исчезне и дека на Земјата ќе се формира нов голем суперконтинент, во циклус кој се повторува на секои 600 милиони години.

Новата симулација на „суперкомпјутер“ покажува дека деновите на Тихиот Океан му се одбројани.

Симулацијата се заснова на постојаното движење на тектонските плочи на Земјата. Сепак, овој океан (најстариот на Земјата) има уште 300 милиони години пред себе.

Научниците од Универзитетот Картин во Австралија веруваат дека Тихиот Океан најверојатно ќе биде „проголтан“ пред да го прослави својот милијардити роденден.

Пред самото исчезнување, Тихиот Океан повеќе нема да личи на огромното синило што е денес. Секоја година овој океан се намалува за неколку сантиметри - ова се случува откако беше суперокеан околу последниот суперконтинент - Пангеја.

Научниците објаснуваат дека секоја година неколку сантиметри од пацифичката плоча се лизгаат под евроазиската и индо-австралиската плоча, со што се намалува растојанието помеѓу континентите Северна Америка, Азија и Австралија.

Не сите научници се согласуваат за тоа како ќе изгледа следниот суперконтинент или како ќе се формира, но во многу симулации Тихиот Океан е осуден на пропаст.

Додека некои студии сугерираат дека Атлантскиот Океан, кој денес се шири, би можел да почне да се намалува во иднина, создавајќи суперконтинент опкружен со Тихиот Океан, истражувачите од Универзитетот Картин не се согласуваат.

Наместо да формираат втор континент сличен на Пангеја, тие тврдат дека светот се движи кон суперконтинентот наречен Амазија, каде Северна Америка се судира со Азија.

Австралија е изоставена од ова име, но во 4D геодинамичките модели се чини дека и Австралија игра важна улога во затворањето на остатокот од Тихиот Океан, пренесуваат научни портали.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе