НБА 2022/2023

Денвер продолжи да губи, Јокиќ исмеан поради очајно билдање статистика

Кошаркарите на Денвер Нагетс продолжија со серијата порази, па ноќеска го претрпеа четвртиот последователен пораз и тоа од Торонто Репторс.

Денвер беше поразен во Канада со 125:110 и покрај уште една одлична партија на Никола Јокиќ.

Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени (10/13 од поле), 8 скока и 7 асистенции, но стана и предмет на потсмев поради обидот да ја „напумпа“ статистиката.

Имено, кон крајот на натпреварот, кога веќе беше јасно дека Денвер ќе забележи нов пораз, Јокиќ на секој начин се обидуваше да оствари трипл-дабл учинок, а при една акција имаше чист пат до кошот, но реши да се обиде да му асистира на соиграч.

Не требаше многу време за да почнат да кружат снимки од неговото неуспешно додавање на социјалните мрежи, а многумина отидоа дотаму што ја доведуваат во прашање неговата трка за МВП.

URL

Да потсетиме, Јокиќ е двапати последователен МВП на лигата, а во последниот месец во НБА влезе како лидер во трката со Јанис Адетокунбо и Жоел Ембиид.

Заедно со Јокиќ, кај Денвер единствен расположен за игра беше Мајкл Портер со 23 поени, додека на другата страна маестрален беше Фред ВанВлит кој натпреварот го заврши со 36 поени.

Remote video URL
Резултати:

Шарлот Хорнетс - Кливленд Кавалирс 104:120
Вашингтон Визардс - Детроит Пистонс 117:97
Торонто Репторс - Денвер Нагетс 125:110
Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Лејкерс 108:123
Оклахома Сити Тандер - Бруклин Нетс 121:107
Сан Антонио Спарс - Орландо Меџик 132:114
Феникс Санс - Милвоки Бакс 104:116
Портланд Треил Блејзерс - Њујорк Никс 107:123

Табела:

реклама

Кошарка

Преродените Лејкерс на праг на директен влез во плеј-оф

Read more

Леброн, носиш пасош?

Read more

Сакраменто по 17 години избори плеј-оф, критично за Далас

Read more

Перо Антиќ реизбран за претседалел на Македонската кошаркарска федерација

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Верстапен славеше во тотално лудило во Австралија, трката беше прекинувана три пати

Читај повеќе

Ракометната ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Крафт најдолго леташе на Планица

Читај повеќе

Украина донесе одлука која ќе предизвика хаос во светот на спортот

Читај повеќе

Меси има 5 добри причини да се врати во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Преродените Лејкерс на праг на директен влез во плеј-оф

Читај повеќе
  • play_arrow

Супержена: Го победи ракот и го донесе Челси до полуфинале на ЛШ

Читај повеќе

Куман: Претседателот на Барселона ме излажа за Меси

Читај повеќе

Де Хеа одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Читај повеќе