Депресијата е генетски различна кај мажите и жените

Не постои еден универзален ген кој одредува дали луѓето се склони на депресија или не, но индивидуалниот генетски систем има големо влијание на тоа како еден човек ја доживува депресијата.

Еден од клучните фактори кои влијаат на депресијата е полот на личноста. Мажите и жените ја доживуваат депресијата различно, а тоа е предизвикано од нивниот генетски систем.

Кај мажите и жените на кои им е дијагностицирана депресија се забележуваат различни активности во гените, односно нивните гени реагираат на депресијата спротивно. Тоа беше докажано преку истражување кое доаѓа на раб до откритието дека депресијата треба различно да се третира кај мажи и жени.

Докторите кои работеа на истражувањето вршеа испитувања на 50 лица со депресија, од кои 26 беа мажи, а 24 од нив жени. Беше забележана нивната генска експресија, односно промените во неа. Кај мажите генската експресија беше намалена, што значи дека тие лачеа помалку протеин. Кај жените со депресија генската експресија беше поизразена, и тие лачеа многу поголеми количини протеин.

Ова истражување е битно поради две посебни причини. Првата е дека беа забележани различни активности кај мажите и жените со депресија, па затоа може да се докаже дека депресијата треба да се лекува во зависност од полот, односно различно за двата пола. Другата причина, можеби уште поважна, е дека тестирањата и медицинските истражувања треба да застапуваат пациенти од машки и женски пол, бидејќи болестите и заболувањата различно реагираат на генетскиот код.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе