Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Британскиот водител Џереми Кларксон повторно ја разгоре старата расправија со Илон Маск – кој денес, покрај тоа што е шеф на Tesla, е и сеприсутна политичка фигура. Целата приказна започна уште во 2008 година со негативна рецензија за автомобил на Tesla во емисијата Top Gear.

Во последните неколку недели, во САД и ширум светот, нападите врз автомобилите и дилерите на Tesla стануваат сè почести, а причината е зголемената улога на Маск во американската политика.

„Оваа глобална одлука повеќе да не се поддржува Tesla и да се кршат крилни ретровизори на што е можно повеќе нивни автомобили – не е смешна“, напиша Кларксон во својата колумна за Sunday Times. „Но, морам да признаам, ми е малку смешно. Особено ако ти си – јас“.

Маск, најголемиот донатор на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2024 година, доби лабаво дефинирана улога во новосоздадениот Оддел за владина ефикасност (DOGE), каде што ги води иницијативите за намалување на владиниот апарат на САД. Оваа позиција, заедно со неговото однесување на социјалните мрежи, споделувањето екстремно десничарски содржини и контроверзниот поздрав што го изведе во јавноста по победата на Трамп, го претворија во главна цел на противниците на новата администрација - а неговите производи, како Tesla, во симболи за уништување.

Сè започна во 2013 година

„Работите стигнаа толку далеку што еден мој познаник, кој мислеше дека ѝ помага на планетата (и притоа штеди на градски патарини), сега стави налепница на неговата Tesla со натпис дека ја купил пред да знае дека Маск е идиот“, напиша Кларксон.

Кларксон вели дека Маск го тужел (поточно, Tesla го тужела BBC) пред 17 години по, како што вели, „строгата, но фер“ рецензија на Tesla Roadster на Top Gear на BBC, тогаш една од најгледаните емисии во светот.

Remote video URL

Во десетминутниот прилог игра, Кларксон, во свој стил, со потсмев зборуваше за „еколошките автомобили на погон на кафеав ориз“ - но имаше и пофалби за „библиски брзиот“ Roadster. Меѓутоа, за време на тестот, еден од двата автомобила Roadster се расипал.

Кога во 2013 година во емисијата Newsnight на BBC  го прашаа за таа рецензија, Маск рече: „Не би ставил сè во BBC под Top Gear - всушност го сакам BBC“. Но, тој додаде: „Емисијата на Кларксон е повеќе забава отколку реалност. Повеќето луѓе го знаат тоа – но не сите. Уживав во голем број негови емисии - не е дека го мразам Top Gear. Смешен е, знае да биде саркастичен, но има силен презир кон електричните автомобили.“

Во продолжение на својата колумна, Кларксон пишува: „Тој ја изгуби тужбата. Ја загуби жалбата. И никогаш не го преболи тоа. Сè уште тврди дека сум бил пристрасен и дека сме го лажирале дефектот на автомобилот – иако навистина се расипа. Требаше да го тужам, но се плашев дека ќе ме нарече педофил. Затоа решив да чекам на брегот – додека брановите не го исфралт телото на брегот. И еве, го исфрлија.“

Во текстот тој најмногу критики упатува не кон Маск, туку кон оние кои некогаш го величаа: левичарските клиенти кои со ентузијазам купуваа Tesla автомобили кога Маск сè уште бил „спасител на светот и вселенски ентузијаст“.

„Тој беше нивниот идол и ме мразеа што бев груб со неговите рани обиди во автомобилската индустрија“, пишува Кларксон. „Како смеев да бидам толку суров кон тој добронамерен, филантропски господин Маск? И како се чувствувате сега додека седите во вашата Tesla, а орда истомисленици ви ги кршат ретровизорите?

Би сакал да ве потсетам на сите што ви кажав пред 17 години дека ништо добро нема да излезе од тој избор за вас“, заклучува Кларксон. „Но, вие не ме послушавте. Избравте да му верувате на Маск“.

Остриот пад на Tesla

Tesla доминира на пазарот на електрични автомобили со години, симболизирајќи ги иновациите и технолошкиот напредок, делумно благодарение на јавниот профил на нејзиниот извршен директор Илон Маск. Но, во последните месеци ситуацијата драстично се промени. Маск сè повеќе е вовлечен во политички конфликти и контроверзии, популарноста на неговиот бренд е во слободен пад, а се распродаваат акциите на Tesla.

Во меѓувреме, конкуренцијата се засилува. На чело на новиот бран на производители на електрични возила е кинескиот BYD, кој претстави технологија за брзо полнење. Кинезите тврдат дека со нивната технологија, целосното полнење на автомобилот ќе трае исто толку време колку што е потребно за полнење на резервоар за гориво.

Tesla, сепак, се соочи со проблеми. 46.000 Cybertruck возила се повлечени поради безбедносни проблеми, а тестирањето на системот за самоуправување во Кина е стопирано поради строгите кинески закони. Financial Times напиша и дека има одредени финансиски дупки во работењето на Tesla.

Пазарните аналитичари и долгогодишните застапници на Tesla полека му вртат грб на Илон Маск и испраќаат сè понегативни пораки. Тие посочуваат дека проблемот е што тој станал советник на Трамп и што го води таканаречениот Оддел за владина ефикасност (DOGE) и дека не е доволно посветен на водење на Tesla.

Насилни протести низ САД, се вклучи и ФБИ

Бран насилни протести против сè што е поврзано со Tesla се шири низ Америка, со палење автомобили, палење станици за полнење, провалување на салони... Дури и ФБИ формираше специјална работна група за справување со нападите врз Tesla, кои веќе се карактеризираат како домашен тероризам.

Трамп се обиде да го „изгасне пожарот“ одржувајќи бизарна претстава на тревникот во Белата куќа кога отворено ја рекламираше Tesla и рече дека ќе си купи нов автомобил и дека веќе нарачал Cybertruck за својата внука.

Американскиот министер за трговија, исто така, јавно ги повика Американците да купат акции на Tesla. Пред неколку дена самиот Илон Маск им порача на своите вработени да не продаваат акции и дека иднината на компанијата е многу светла.

Иако анкетите покажуваат дека мнозинството сè уште ја претпочита Tesla поради квалитетот на производите, значителен дел избираат да ја бојкотираат компанијата поради постапките на Маск.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Авто новости

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

По Volkswagen, и Mercedes размислува за производство на оружје

Read more

Се откажа од „електраши“ и се свртува кон хибриди: Како изгледаат новите Honda модели?

Read more
 

Автомобили

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Читај повеќе

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Читај повеќе

По Volkswagen, и Mercedes размислува за производство на оружје

Читај повеќе
  • filter

Се откажа од „електраши“ и се свртува кон хибриди: Како изгледаат новите Honda модели?

Читај повеќе

Дали Џејмс Бонд наскоро ќе вози „кинески“ автомобил? 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Jaguar најави брутален електричен седан со повеќе од 1000 КС

Читај повеќе

Кинески BYD фрли око на европските фабрики за автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow

Suzuki остана да виси на семафор по судир со BMW

Читај повеќе
  • filter

Уште еден BMW заминува во пензија

Читај повеќе