Деринкују - древен подземен град во Турција кој бил откриен од кокошки

Под Кападокија во Турција се наоѓа Деринкују, подземен град во кој некогаш живееле 20 илјади луѓе.

Неговото древно име е Еленгубу. Се наоѓа на 85 метри под површината на Земјата и има дури 18 нивоа на тунели. Бил населен илјадници години - овде живееле Фригијци, Персијци, христијани од византиската ера и многу други народи... Кападокските Грци го напуштиле во 20-тите години на минатиот век, односно кога биле поразени од Турците. Потоа масовно побегнале во Грција.

Не само што подземните соби се протегаат на стотици километри, туку тука има и повеќе од 200 одделни градови, кои формираат огромна подземна мрежа.

Деринкују бил повторно откриен од неименуван локалец во 1963 година. Имено, неговите кокошки постојано бегале и така налетале на овој град. Мештанецот потоа ископал премин и бил фасциниран од она што го нашол. Овде, меѓу другото, имало магацини за храна, сточни штали, училишта, винарии, па дури и капела. Деринкују беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Сè уште не е познат точниот датум на изградба на Деринкују. За прв пат се споменува во делото „Анабаса“ (Ἀνάβασις), кое го напишал Ксенофонт во 370 година п.н.е. Во оваа книга тој зборува за луѓе од Кападокија кои живееле во куќи под земја. Овој феномен за него бил необичен, имајќи предвид дека повеќето од жителите тогаш живееле во живеалишта на блиските карпи.

Се смета дека поголемиот дел од Деринкују бил изграден од Фригијците бидејќи имале средства да градат сложени подземни градби. Тие сочинувале една од најистакнатите империи во Анадолија. Деринкују се користел за складирање на стоки, но бил изграден за да можат жителите да се кријат од напаѓачите. Се верува дека за време на византиската ера тука живееле дури 20 илјади луѓе.

Денес, туристите плаќаат околу 60 лири (околу 200 денари) за да влезат во Деринкују. Се разбира, тунелите се тесни и слабо осветлени. Импресивно е што овде има систем за вентилација и бунар ископан на повеќе од 55 метри длабочина.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе